Филип Секуловски Кобра, осомничен за убиството за Мартин Јанушев спроведен во Шутка

Филип Секуловски Кобра, осомничен за убиството за Мартин Јанушев спроведен во Шутка

Филип Секуловски Кобра, кој беше во бегство речиси две години, осомничен за убиството за Мартин Јанушев е однесен во затворот Шутка, дознава Телма. Според нашите извори тој сам се пријавил во полиција но, не поседувал важечка лична карта.

Младиот фудбалер Мартин Јанушев беше убиен на 4-ти ноември 2017 година во скопската општина Аеродром, за брзо време полицијата го откри убиецот Филип Секуловски, па против него беше распишана меѓународна потерница.

Филип Секуловски Кобра, осомничен за убиството за Мартин Јанушев спроведен во Шутка
Полициска фотографија на
Филип Секуловски-Кобра

Викендот кога се случи убиството, 3-4 ноеври 2017, Кобра бил на слобода иако требало да отслужува шестгодишна затворска казна за недозволена трговија со дрога но, по слободниот викенд не се вратил во затвор.

На местото на убиството беше најден пиштол кој бил на убиениот Јанушев. Подоцна беше утврдено дека станува збор за пиштол кој е украден и користен во повеќе кривични дела. Полицијата никогаш не соопшти повеќе детали за оружјето и како стасало до убиениот. Инаку во време на убиството братот на Јанушев работеше во полициската единица алфи, додека таткото на убиениот Мартин е полицаец во пензија.

Реконструкција за убиството и бегството на злосторникот беше тема во емисија КОД, есента 2017-та.

Првични мотиви за убиството се дека станува збор за пресметка во скопското подземје, но истрагата досега не обелодени детали за мотивите за убиството.

Извор: Телма

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …