Функционер на ВМРО-ДПМНЕ кој одговарал за проневера на ЕУ фондови добитник на грант за иновации

Функционер на ВМРО-ДПМНЕ кој одговарал за проневера на ЕУ фондови добитник на грант за иновации

Компанијата Нелкоски органик фуд ДООЕЛ од Струга, е добитник на еден од грантовите што ги подели неодамна Фонд за иновации, во износ од 110.000 евра, односно 6.617 212 денари, објави порталот Актуелно.Функционер на ВМРО-ДПМНЕ кој одговарал за проневера на ЕУ фондови добитник на грант за иновации

Бошко Нелкоски за грантот се пофали на својот ФБ профил. Тој, во својата семејна фирма со грантот ќе произведува путер од органски лешник.

Нелкоски е веројатно еден од членовите на ВМРО ДПМНЕ кои имаат добиено владини пари, за кои премиерот посочуваше од собраниската говорница, за да се одбрани од нападите на опозицијата и јавноста дека се поделени грантови на функционери на владејачката СДСМ.

Функционер на ВМРО-ДПМНЕ кој одговарал за проневера на ЕУ фондови добитник на грант за иновации

Заев не откри имиња или фирми на членови на опозициската партија, затоа што рече дека тоа би било некоректно.

Но, многумина го паметат Нелкоски од времето на владеењето на Груевски и на социјалните мрежи веќе поставуваат прашање како е возможно некој што одговарал за проневера на ЕУ фондови, сега да добива државни грантови?

Во 2010 година Европската комисија изрази сомнеж за начинот на кој Македонија ги троши eвропските пари. Поради тоа  беа стопирани средствата за две многу битни програми за европско образование за 2010 година, а беше извршена и комплетна ревизија за тоа како Агенцијата за европски образовни програми и мобилност ги трошела европските пари пред 8 години. Директор  беше Бошко Нелкоски.

Извор: Слободен печат

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …