Градот Охрид се откажува од новогодишната програма, поради смртта на Стојаноски

Градот Охрид се откажува од новогодишната програма, поради смртта на Стојаноски

Градот Охрид информира дека се откажува од реализација на новогодишната програма, освен за најмладите кои ќе настапат на градскиот плоштад.

„По повод ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, ве информираме дека се отажува годинешното издание на проектот кој стартуваше минатата година „Од 20-ти до 20-ти – сите во Охрид“ кој требаше да трае од 20 декември 2018 до 20 јануари 2019 година. И покрај тоа што програмата беше потврдена и артистите беа букирани, сепак е донесена одлука оваа година да не се одржи главната програма и истата да се пренесе за следната година“, информираат од Општина Охрид.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …