Грчкиот парламент го ратификуваше Договорот од Преспа

Грчкиот парламент го ратификуваше Договорот од Преспа

Грчкиот парламент попладнево со 153 пратеници „за“ го ратификуваше Договорот од Преспа потпишан помеѓу Македонија и Грција за крај на спорот со името кој се водеше речиси три децении.

Сите 300 пратеници поединечно, со прозивање, се изјаснија за прашањето дали се „за“, „против“ или „воздржано“ за ратификацијата на Договорот од Преспа.

Од нив 146 биле против, а еден гласал „воздржано“.

Македонија на 11 јануари, со изгласување на промените на Уставот ја заврши целата процедура околу имплементирањето на Договорот од Преспа.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …