Грција не прифаќа одвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ

Грција не прифаќа одвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ

Време е Европа да го исполни ветувањето за С. Македонија и Албанија, порача македонскиот вицепремиер Никола Димиров од Делфи форумот во Атина.

Грција не прифаќа евентуално одвојување на Северна Македонијаи Албанија на патот кон ЕУ. Тоа би било катастрофален пристап за регионалната стабилност. Важно е процесот да почне веднаш за сите земји кандидати. Ваква порака испрати денеска алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милитиадис Варвициотис од Делфи форумот во Атина. Тој вели дека Европа мора да ги одржи ветувањата и не треба да има доцнење во пристапниот процес за С. Македонија и Албанија.

Варвициотис на панел дискусијата на којшто учествуваше заедно со македонскиот вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров  рече дека „со приклучувањето на Албанија и Северна Македонија во ЕУ, Грција конечно ќе има копнени граници со други земји-членки“.

Вицепремиерот Никола Димитров вели дека сега е време Европа да го исполни ветувањето од март за почеток на европскиот процес за Северна Македонија и Албанија.

Nord-Mazedonien: Nikola Dimitrov, Außenminister

„Мислам дека ние сме една од највпечатливите саги, кога станува збор за европската интеграција. Бебе родено во Скопје ќе имаше 20 години, ако беше родено на денот кога ја потпишавме Спогодбата за асоцијација и стабилизација со ЕУ. Изгубивме генерации и многу години, ги тргнавме блокадите, Комисијата континуирано вели дека сме подготвени да ги почнеме пристапните разговори, а еден начин како да му помогнеме на нашиот случај, јас патував во многу европски главни градови, е да објасниме зошто ова е во интерес и на земјите-членки и на институциите во Брисел“, рече Димитров.

Премиерот Зоран Заев ја предводи владината делегација која од денес учествува на шестиот Делфи економски форум во Атина. Попладнево грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ќе го прими македонскиот премиер во неговиот кабинет. Портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони рече дека билатералната соработка и имплементацијата на Договорот од Преспа ќе бидат темите за кои ќе разговараат премиерите на двете земји.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Велибор Џаровски – Џаро

Почина Велибор Џаровски – Џаро

Еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија почина на 75 години, по кусо …