Избран новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев поднесе оставка

Избран новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев поднесе оставка

На вечерашната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, избран е новиот состав на Извршниот комитет, а Игор Јанушев дал оставка од функцијата Генерален секретар на партијата.

Според изјавата на Христијан Мицкоски, Јанушев се повлекол од партиските функции од лични причини, но ќе останел да и’ помага на партијата.

Новиот Извршен комитет на партијата го сочинуваат: Александар Николоски, Владо Мисајловски, Иван Иванов, Сергеј Попов, Никола Мицевски, Гордана Димитриевска- Кочоска, Рашела Мизрахи, Стефан Андоновски, Марија Андоновска, Олга Лозановска, Дафина Стојановска, Вело Марковски, Трајко Славевски, Влатко Ѓорчев, Драган Ковачки, Коце Трајановски, Кирил Пецаков и Антонијо Милошоски.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …