Камбовски: Претседателот е должен да потпишува закони, а не да изнесува ставови

Камбовски: Претседателот е должен да потпишува закони, а не да изнесува ставови

Уставна должност на претседателот на државата е да ги потпише законите и договорите што ги усвојува и ратификува Собранието, а не да изнесува лични ставови и толкувања, порача академик Владо Камбовски, пензиониран професор на Правниот факултет во Скопје, одговарајќи на прашања на новинарите во Охрид, каде учествува во работата на Летната школа по природно право. Настанот е организиран од Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науки и уметности.

Камбовски смета дека не треба да се попречуваат интегративните процеси на земјата кои се отворени со договорот за добрососедство со Бугарија и договорот за решавање на спорот за името со Грција, што треба да биде потврден на референдум, а потоа и во Собранието, по што потпис треба да стави и претседателот Ѓорге Иванов, кој рече дека нема намера да го потпише Договорот со Грција.

– Штом прифатиш да бидеш претседател и си дал заклетва дека ќе го почитуваш Уставот, тогаш нормално е дека треба да се однесуваш согласно таквата определба консеквентно. Ако е тој според Уставот должен, не се работи за слободна волја дали ќе го потпише или не законот, дали ќе има ваков или онаков став, тоа е друга работа, негова уставна должност, оттука и законска должност е да го потпише законот – рече Камбовски.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Велибор Џаровски – Џаро

Почина Велибор Џаровски – Џаро

Еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија почина на 75 години, по кусо …