Прес конференција на Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата:
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Јавноста дозна за шемите помеѓу Хидро Мицкоски и носителот на криминалот, Никола Груевски.
Се дозна како конзорциоумот во кој удел има антизападниот пион Мицкоски добил согласност за користење вода и закуп на земјиште за изградба на хидроцентрали од Владата на Груевски, во 2015 година, во време кога му бил негов советник за енергетика.
Но, овие шеми се надоградени и проширени со други членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кои покрај Хидро Мицкоски имаат удел во сопствеништвото на комапнијата „Енерготек ДОО Скопје“.
Почитувани,
Овој документ покажува дека во сопственичката структура на Енерготек ДОО Скопје покрај антизападниот лидер Христијан Мицкоски е и членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Димитар Димовски.
Антинародниот и антизападниот пион Христијан Хидро Мицкоски треба да одговори:
-Дали Димитар Димовски, еден од сопствениците на „Енерготек ДОО Скопје“, е токму членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, државен советник во Министерството за транспорт и врски?
Дали е тоа истиот Димитар Димовски, некогашната десна рака на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој денес се соочува со бројни судски процеси?
Почитувани,
Спрегата помеѓу антидржавното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со антинардониот пион Хидро Мицкоски и носителот на криминалите, Никола Груевски е повеќе од очигледна.
Затоа Хидро Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ доследно ги следат погубните политики на Никола Груевски.
Тоа е истата матрица, во ова ВМРО-ДПМНЕ нема никакви промени.