Ковачевски: Регионалната соработка клучна за полесно надминување на кризата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија на панелот на Самитот „Македонија2025“ посветен на актуелната економска ситуација и излезните решенија за економски приоритети ги истакна клучните приоритети на кои е посветена Владата.

„Првиот приоритет се однесува на заштита на животниот стандард на оние кои се најранливи и задржување на ликвидноста на компаниите. Вториот се однесува на одржлив економски раст, односно продолжување на програмите за раст на производството, на извозот како и на стопанската активност во земјата и третиот приоритет се фокусира на зголемување на бруто инвестициите и тоа и на инвестициите кои се доминантно од државниот буџет, меѓутоа и на приватните инвестиции како генератор на економскиот раст на државата на среден рок“, истакна премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека големиот пакет антикризни мерки даде резултати и овозможи да бидат постигнати стапките на раст од предкризното време со пандемијата.

Премиерот Ковачевски во однос на актуелната економска и енергетската криза потенцираше дека за да бидат надминати последиците кои се дел и од дисконтинуитет на државата од периодот на независноста, Владата фокусот го стави во инвестирање во модерни енергетски системи, во дигитализацијата и реформи во образованието од аспект на едуцирање на кадри кои што се потребни на пазарот и на современиот технолошки развој.

„Не може да очекуваме од закони за образование стари 20 години да добиеме резултати за земја која сака да оди напред и да го одржува чекорот со напредните земји во дигиталното време“, потенцираше Ковачевски.

Ковачевски нагласи дека регионалната соработка е наша стратешка ориентација, а ЕУ е нашата определба без разлика на сите опструкции на нашиот пат до членство во ЕУ.

Прочитајте повеќе

На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути

Менталното здравје е грижа за себе, грижа за градење на сопствените капацитети. Она што недостасува …