Лидерска средба за трансформацијата на СЈО и за избори

Лидерска средба за трансформацијата на СЈО и за избори

По пауза од неколку месеци, вечерва со почеток во 20 часот во Собранието ќе се одржи лидерска средба, на која се очекува премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски да разговараат и евентуално да постигнат договор за Законот за јавно обвинителство, со кој Специјалното јавно обвинителство (СЈО) би требало да се трансформира во оддел на Јавното обвинителство.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека партискиот претседател Мицкоски ќе го покрене прашањето за предвремени парламентарни избори, бидејќи, како што велат, разговорот за ова прашање бил нивниот главен услов за одржување на средбата.
Лидерската средба се случува откако и на последната средба минатата седмица на работните групи на власта и опозицијата не беше постигнат договор.

Поради скратените рокови Законот за Јавно обвинителство се очекува да биде донесен најдоцна до 15 септември. За да биде усвоен потребно е двотретинско мнозинство од пратениците, а неговото носење е клучно и за евроинтеграциите на земјава.

Премиерот Заев во последиот говор на одбележувањето на 8 Септември во Пеленица, изрази увереност дека земјата има капацитет со двотретинско мнозинство да го донесе законто за јавно обвинителство.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски вчера изјави дека од лидерската пред се очекува сериозност од власта кон прашањето и оти тие се подготвени за компромис, но „за решение што е во интерес на државата“.

Прочитајте повеќе

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Имам добиено извештаи од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за …