Министерот Адеми во Букурешт ќе ја открие спомен бистата на македонскиот сликар Никола Мартиноски

Министерот Адеми во Букурешт ќе ја открие спомен бистата на македонскиот сликар Никола Мартиноски

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми утре, среда 11 декември, во Букурешт ќе ја открие спомен бистата на реномираниот македонски сликар, Никола Мартиноски.

Откривањето на бистата се случува три дена по 8 декември, Денот на македонскиот јазик во Романија, кој благодарение на истрајноста на македонската дијаспора во оваа земја и одлуката на романскиот парламент, претставува значаен датум за зачувување на традициите, културата и јазикот на македонското етничко малцинство во Романија.

Бистата на Никола Мартиноски ќе биде поставена во паркот Михаил Први, на просторот каде се сместени споменици на врвни имиња од светот на уметноста, книжевноста, филозофијата, политиката и други умови на човековото наследство.

 

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …