Министерот Сугарески со сретна со новоименуваниот кинески амбасадор

Министерот Сугарески со сретна со новоименуваниот кинески амбасадор

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска се сретна со новоименуваниот Амбасадор на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.

На средбата се разговараше за економската соработка помеѓу двете земји, при што министерот Сугарески го информираше амбасадорот Ѕуо за реализацијата на инфраструктурните проекти. Посебен акцент министерот Сугарески стави на  проектите што се реализираат со поддршка на ЕКСИМ Банка, во кои се вклучени компании од НР Кина.

Исто така министерот Сугарески го информираше амбасадорот дека преку ЕКСИМ Банката се  обезбедени дополнителни средства за доизградба на автопатот Кичево-Охрид.

„На мое лично задоволство, денеска одржав работна средба со Амбасадорот на НР Кина, на која разговаравме за капиталните проекти што ги реализираме во нашата држава. Воедно го информирав амбасадорот дека во следниот период се отвора широк фронт за работа и ги повикав сите заинтересирани кинески компании да учествуваат во јавните повици за изградба на железницата, гасификацијата и патната инфраструктура. Со НР Кина сме пријателски земји, имаме одлична соработка и се надевам дека таквата соработка ќе продолжи и во иднина“ – изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

И двете страни покажаа заинтересираност за зголемување на економската соработка и продлабочување на пријателските односи.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …