Мурали со ликовите на Блаже Конески и Стале Попов го красат централното градско подрачје на Прилеп

Мурали со ликовите на Блаже Конески и Стале Попов го красат централното градско подрачје на Прилеп

Во рамки на проектот „Улична уметност, можност за реактуелизација и презентација на дејноста и делата на нашите истакнати домашни дејци“, со кој Прилеп е побогат за два мурала, денеска во Центарот за современа ликовна уметност (ЦСЛУ) се одржа прес конференција.

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски се заблагодари за реализацијата на проектот, за поддршката на Владата, на филмската продукција од Скопје „Дрим фактори“, како и на ЦСЛУ.

Организаторите посочија дека проектот опфаќа изработка на два мурала, едниот со ликот на Блаже Конески, другиот со Стале Попов, како и изработка на две документарни видеа кои се однесуваат на двете истакнати имиња.

Идејното решение и изведбата на муралите е дело на академските ликовни уметници Сања Јездиќ, Александар Џинго и Ферди Булут, а муралите се изработени од висококвалитетни фасадни акрилни бои.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …