На отворањето на хотел во Кочани собрани пари за 40 таблет уреди за учениците

На отворањето на хотел во Кочани собрани пари за 40 таблет уреди за учениците

Бесплатно кафе во замена за донација добија посетителите на новоотворениот хотел „Сити ИН“ во Кочани изминатиот викенд. Собирната акција ја организираше Модната групација „ИНТ“ од Кочани, почнувајќи во петокот вечерта, кога беше отворен хотелот, па во текот на целиот викенд. Од собраните средства ќе се купат четиресетина таблет уреди, кои се наменети за ученици од семејства во социјален ризик и кои немаат можност да обезбедат компјутерска опрема за следење на настава на далечина.

Меѓу донаторите беа и премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Оливер Спасовски, Венко Филипче, како и повеќемина функционери и стопанственици од Кочани и регионот.

Инаку, токму присуството на владините претставници остана забележано во Кочани, а локалната опозиција го искористи моментот за да упати критики дека доаѓаат на настан во град во кој бројките на новозаболени лица од ковид-19 секојдневно е двоцифрен.

Половина од својата плата донираше градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Комисија за утврдување на собраните парични средства од реализираната донаторска акција денеска ја констатираше вкупната сума, која оцени дека со собраните средства ќе се обезбедат четириесетина ученици со таблети.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Депонијата на Југохром му се заканува на Рашче, подземните води имаат 50.000 пати повеќе шестовалентен хром од дозволеното

Депонијата на Југохром му се заканува на Рашче, подземните води имаат 50.000 пати повеќе шестовалентен хром од дозволеното

Подземните води во околината на депонијата на Југохром се загадени и до 100.000 пати повеќе …