НАТО центарот за односи со јавност прераснува во центар за борба против дезинформации

НАТО центарот за односи со јавност прераснува во центар за борба против дезинформации

Министерството за одбрана ќе го развие својот Регионалниот центар за односи со јавноста (РЦОЈ) во регионален НАТО-центар за борба против лажни вести и дезинформации. РЦОЈ, попознат под неговиот англиски акроним ПАРК (PARC-Public Affairs Regional Centre), од 2013 година е акредитиран од НАТО како партнерски центар за образование и обука, пишува МЕТА.

„Ќе се специјализираме, во духот на концептот на „паметна одбрана“. Информациите и лажните вести, како и стратешките комуникации и односите со јавноста стануваат безбедносни прашања од највисок приоритет. Имаме искуство и знаење кое може да го понудиме и да го надградиме“, стои во програмата за работа на Владата.

ПАРК, кој постои веќе 15 години, треба да прерасне во регионален центар за борба против дезинформации и лажни вести за потребите на јужното крило на НАТО и тесно да соработува со Центарот за извонредност во стратегиски комуникации (СТРАТКОМ) во Рига, Латвија.

ПАРК е формиран со одлука на Владата во февруари 2005 година „заради интензивна едукација во областа на односите со јавноста на персоналот во министерствата за одбрана и армиите на Република Македонија, Република Албанија и Република Хрватска“, кои тогаш ја сочинуваа „Јадранската група“ земји-кандидатки за членство во НАТО, поддржани од САД. Центарот беше формиран под менторство и со поддршка од Швајцарија. Во 2009 година ПАРК стана и еден од трите регионални центри во рамки на иницијативата „Форум за безбедносна соработка на Западен Балкан“, заедно со Центарот за мировни операции (ПСОТЦ) од Сараево, Босна и Херцеговина и Центарот за атомско-биолошко-хемиска обука од Крушевац, Република Србија.

Во јуни 2013 година Северноатлантскиот совет на НАТО го прифати ПАРК како 25 партнерски центар за образование и обука и единствен специјализиран исклучиво за односи со јавноста. Денес акредитација на НАТО имаат 33 партнерски центри во 12 членки на Алијансата и 14 партнерски земји.

Во центарот досега обука минале повеќе од 1.500 припадници на војските или министерствата за одбрана од четириесетина земји.

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …