Николовски: Ако во Собранието се оневозможува гласање важни закони, постои реална можност да направиме ново парламентарно мнозинство

Николовски: Ако во Собранието се оневозможува гласање важни закони, постои реална можност да направиме ново парламентарно мнозинство

„Доколку во Собранието се продолжи со тактизирање и ако на било кој начин се оневозможи гласање на важните законите, а особено Законот за јавно обвинителство, изборниот законик, Законот за одбрана разрешувањето на Мизрахи…во тој случај постои реална можност ние да направиме ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори“, изјави Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ во гостувањето на ТВ 21.

„Најважно е да се обезбеди демократска процедура за гласање на Законот за јавно обвинителство. Никој не смее да се дрзне одново да блокира и опструира. Без разлика дали има или нема мнозинство за Законот, мора да се обезбедат услови за гласање. Овој Закон за јавно обвинителство има поддршка од Европската Унија, од САД и преставува основа за правна држава и за владеење на правото“, додаде Николовски .

Тој изрази оптимизам дека вечерва ќе се создадат услови за гласање, а доколку во следните денови не се изгласа законот, тогаш се отвора опцијата да се оди на избори во редовен термин.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, образложи дека партијата бара фер шанса, настапува со принципи и затоа повика сите политички партии да овозможат гласање на законите.

„Ние не би сакале да дојде до редовни избори, затоа што веќе имаме закажано термин за предвремени, но се наоѓаме во ситуација во која структури не опструираат, односно прават се“ да не дојде до гласање. Со ова се опструира правдата и се враќа државата назад. Тие структури ги знаете, се плашат од иднината соочени со криминал и пресуди“, заврши Николовски.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …