горива бензини

Од ноќеска бензините поскапуваат за половина денар, дизелот за денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15 отсто. Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од ноќеска се зголемуваат за половина денар за литар, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1 денар за литар.

Еуросупер БС-95 од ноќеска ќе се продава за 68,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 на бензинските станици ќе може да се продава за 70,50 денари за литар. Цената на дизел горивото ќе изнесува 61,50 денари за литар, додека Екстра-лесното масло за домаќинства ќе се продава 61 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,348 денари за килограм и сега ќе изнесува 35,237 денари за килограм.

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 1,377 отсто, дизелот за 2,116 отсто, екстра лесното масло за 2,606 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 1,029 отсто.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,265 отсто, информираат од Регулаторната комисија за енергетика.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Народна банка

Народна банка обезбеди стабилност на денарот, инфлациските движења и банкарскиот сектор

Народната банка води соодветни политики, кои придонесоа за стабилизација на инфлацијата, курсот на денарот и …