Од понеделник започнува Европска недела на тестирање за ХИВ

Од понеделник започнува Европска недела на тестирање за ХИВ

Европската недела на тестирање за ХИВ започнува од понеделник (23 ноември) до 30 ноември, кон која по петти пат се приклучува и здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

„ХЕРА е само една од над 600 организации од 53 европски држави кои учествуваат во активностите на Европската недела на ХИВ тестирање, со цел да ја подигнат свеста за придобивките од тестирањето за ХИВ. На тој начин, информациите за превенција на ХИВ стануваат подостапни, повеќе луѓе можат да го дознаат својот ХИВ-статус и да добијат пристап до терапија, грижа и поддршка“, се вели во соопштението.

Денес, се претпоставува дека секое четврто лице во Европа кое има ХИВ, не го знае својот ХИВ-позитивен статус. Половина, пак, од луѓето што живеат со ХИВ се дијагностицирани доцна, со што се доцни со пристапот до терапија, грижа и поддршка.

„Во рамки на годинешната Европска недела на тестирање за ХИВ, во Младинскиот центар на ХЕРА „Сакам да знам” на Водно ќе биде достапно бесплатно и доверливо тестирање и советување за ХИВ со брзи тестови, секој ден од 23 до 30 ноември од 17.00 до 21.00 часот. Ги охрабруваме граѓаните да го посетат центарот и да направат ХИВ-тест. За подетални информации, можат да се јават на телефонскиот број 02/3176 950“, се додава во соопштението.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …