Бизнисменот Орце Камчев, обвинет во случајот „Плацеви на Водно”, од вчера со дозовола на Основниот кривичен суд Скопје од затворот во Шутка е на прегледи во приватната болница „Аџибадем Систина“, чиј делумен сопственик е тој.
Камчев е задржан поради прегледи за утврдување на неговата здравствена состојба, која била оценета како влошена.
Од март годинава Камчев неколку пати бил на прегледи, но Кривичниот суд првпат дозволува тој да оди на прегледи во приватната болница во која е и член на директорскиот борд.