Османи – Прво да видиме усогласен став во ЕУ, па ќе дадеме одговор на францускиот предлог за укинување на ветото

Османи – Прво да видиме усогласен став во ЕУ, па ќе дадеме одговор на францускиот предлог за укинување на ветото

Шефот на дипломатијата Бујар Османи рече дека прво треба да видиме предлог усогласен од сите земји-членки и да дадеме одговор на нашата позиција на таквите предлози. Ова тој го кажа денеска во Охрид, одговорајќи на прашањето дали е запознаен со францускиот предлог за кревање на ветото од страна на Бугарија и дали има кокретни ставови.

„Нашата позиција е дека ќе коментираме и дека ќе дадеме наши ставови откако предлогот ќе биде доставен меѓу земјите-членки или ќе коментираме став што ќе има поддршка од сите земји-членки. Мислам дека тоа е најправичниот начин да комуницираме“, истакна Османи на прес-конференција во Охрид пред почетокот на Преспа форумот за дијалог 2022.

Според Османи, не е охрабрувачка политичката сцена во Бугарија, но оти Македонија го следи патот што го трасира француското претседателство.

„Во оваа фаза треба да се утврди дали има политичка волја да се најде решение. Ако тоа го дефинираме во овие денови, ќе продолжиме таму каде што застанавме. Викендов остваривме напредок во разговорите, сметам дека во последните денови француското претседателство треба да го преземе кормилото и да ни каже дали има простор за некаков посуштински ангажман и дали ќе одат на нареден чекор“, рече Османи.

Министерот повтори оти тој не би се откажал за можно решение во јуни, но очекуваме насока од француското претседателство во наредните денови.

Франција денеска ќе го достави официјалниот предлог за укинување на бугарското ветото за Македонија, а како што претходно јавија бугарски медиуми, премиерот на Бугарија Кирил Петков после тоа до Народното собрание ќе го испрати францускиот предлог за пратениците да донесат одлука.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …