Finance Think – Институтот за економски истражувања и политики, Скопје, изработи анализа на
младинска подвработеност во Северна Македонија, Србија и Црна Гора. По тој повод, денеска во хотелот „Мериот“ во Скопје ќе се одржи панел дебата на тема: “Високообразовани, а нископлатени: Вработеност на младите“. На настанот, ќе се дадат одговори на следните прашања: Колку државата ги таргетира младите преку оперативниот план? Кој е ефектот врз платата на младите од феноменот младинска подвработеност? Во кои сектори и професии најчесто се појавува подвработеност? Што препорачува Меѓународната организација на трудот, за адресирање на овој проблем? Дали е проблемот кај бизнис секторот или кај младите или во квалитетот на дипломите на младите лица?
Панелисти на настанот се:
|
Мила Царовска, Министерство за труд и социјална политика Даниела Зампини, Меѓународна организација на трудот Дона Костуранова, Фондација Вестминстер Дијана Десподов, Американска стопанска комора Благица Петрeски, Finance Think |