Пендаровски: Македонскиот јазик ќе се преведува на сите 6 официјални јазици во Обединетите Нации

Пендаровски: Македонскиот јазик ќе се преведува на сите 6 официјални јазици во Обединетите Нации

Интегрален текст од денешната изјава за медиуми на Стево Пендаровски, национален координатор за членство во НАТО:

„На 30-ти септември, референдумот што е закажан е практично по својата тежина и значење е еднаков со референдумот од 1991 година до сега, затоа што тогаш македонските граѓани гласаа да имаме држава. Сега на 30-ти септември таа држава дефинитивно во меѓународни рамки да биде запечатена, да биде осигурана и да биде од сите признаена како држава во која живеат граѓани од различна вероисповед, граѓани од различна национална припадност, но во која живеат етнички македонци кој зборуваат на македонски јазик.

Која е цената која треба да ја платиме како што велат нашите политички опоненти, за да влеземе во двете најмоќни и најефикасни меѓународни организации ЕУ и НАТО? Според мене и според нас, кој сме во таборот за гласање ЗА референдумот, сметаме дека нема практично никаква цена и никаква штета која треба да ја понесеме како Македонци, како луѓе кој живеат во оваа земја, затоа што со договорот во Грција практично е зацементиран македонскиот идентитет и македонскиот јазик, придавката македонски и кодовите МК и МКД, тоа што беше досега признаено и препознавано овде во нашите граници. Ние знаеме кој сме и што сме, нормално, сега ќе биде признаено и потврдено од целиот свет како што во меѓународните организации, како што е најголемата Обединетите Нации. Македонскиот јазик ќе се преведува на сите 6 официјални јазици во таа организација во која членуваат 193 членки.

Значи, не можам да видам аргумент на страна на оние кој велат дека договорот е капитулантски, дека не треба да биде поддржан, а особено неможам да видам аргументи кај оние што велат дека ние воопшто не треба да се асоцираме во овие две меѓународни организации ЕУ и НАТО, затоа што наводно биле во заминување, во распаѓање, со намалено влијание и дека час поскоро ние треба да се одалечуваме, наместо да се приближуваме и да бидеме нивни членки.

Да немаме никаква дилема: станува збор за организации во кои членуваат најмоќните држави во светот во кој членуваат држави кои се и во воена, и во економска и во политичка смисла и во стратешка смисла највлијателни и за нас ќе биде чест како мала држава, еден ден да сме на иста маса со најмоќните држави кој практично го обликуваат светот во кој живееме.

Немам никакво разбирање особено за оние кои повикуваат на бојкот на референдумот, можам да разберам некој да биде против, легитимно е, демократско право на секој од нас, но зошто да се иде на бојкот во ситуација кога станува збор за историска крстосница во која треба да кажема ДА за македонската иднина.

Да седите дома на 30-ти септември е најголем степен на лична и граѓанска неодговорност и кон себе и кон семејството ваше, и кон државата во која живеете, да немате став за референдумското прашање кое вели дали сакате Македонија да ја биде еднаш –засекогаш во друштво со најголемите во светот“.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …