Премиерот Заев и ЕУ амбасадорот Жбогар, утре ќе го посетат Прилеп
DCIM100MEDIADJI_0023.JPG

Премиерот Заев и ЕУ амбасадорот Жбогар, утре ќе го посетат Прилеп

Утре, вторник 3.јули, премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на ЕУ во земјава, Самуел Жбогар, ќе го посетат Прилеп и ќе извршат увид во изградбата на ИКТ центар за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет во работата. Проектот е финансиран со средства од фондовите на ЕУ и од Владата на РМ.

Истовремено, високата владина делегација и ЕУ амбасадорот Жбогар, ќе ја предадат во употреба пречистителната станица за отпадни води. На овој настан, свои обраќања ќе имаат премиерот Заев, министрите за финансии и за заштита на животната средина, Тевдовски и Дураки, ЕУ амбасадорот Жбогар, како и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Прочитајте повеќе

Комарец треска

Тројца починати од западнонилска треска, шест пациенти се во критична состојба

Трет пациент почина од западнонилска треска во земјава, додека шестмина од хоспитализираните се во критична …