Претседателот Пендаровски го прими амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов

Претседателот Пендаровски го прими амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов.

Соговорниците констатираа дека односите меѓу Северна Македонија и Бугарија бележат континуиран позитивен тренд, како во политичките, така и во економските односи меѓу двете држави. 

Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија високо ја цени силната и недвосмислена поддршка од Република Бугарија за добивање датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија и го поздрави ратификувањето на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Двајцата соговорници го потенцираа значењето на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот, во насока на негова целосна интеграција во Европската унија.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …