Претседателот Пендаровски го прими Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија за 2022 година

Претседателот Пендаровски го прими Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, кој му го предаде Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2022 година.

На средбата претседателот Пендаровски истакна дека годинешниот извештај има особено значење, бидејќи е прв по почетокот на пристапните преговори со Европската Унија и почетокот на скринингот.

Претседателот Пендаровски оцени дека извештајот дава детална слика за состојбите во општеството, но претставува и патоказ за натамошната работа на институциите и областите во кои ќе треба да се посвети поголемо внимание.

Пристапниот процес, според претседателот Пендаровски, налага сите капацитети да бидат насочени кон реализација на потребните реформи и во тој контекст посочи на потребата сите општествени чинители да го дадат својот придонес во овој процес.

Претседателот Пендаровски порача дека отворањето на преговорите со Северна Македонија е добра можност Европската Унија да ја демонстрира својата посветеност кон интеграцијата на земјите од Западен Балкан, како најдобар одговор на растечкиот евроскептицизам во регионот.

Прочитајте повеќе

Уставен суд ќе расправа за Законот за јазиците

Уставен суд ќе расправа за Законот за јазиците

Уставниот суд денеска треба на седница да се произнесе за иницијативите за оценување на уставноста …