Серверот на УЈП за менување на лозинка не работи, граѓаните не можат да си ја проверат даночната пријава

Серверот на УЈП за менување на лозинка не работи, граѓаните не можат да си ја проверат даночната пријава

Даночните обврзници – физички лица треба да влезат во својот кориснички профил, кој го регистрираа на системот „е-Персонален данок“, и до крајот на мај имаат рок да ја потврдат или коригираат претпополнетата Годишна даночна пријава.

Но, системот денеска има потешкотии во работата. Постои серверски проблем, поради кој, доколку граѓаните се обидат да ја сменат лозинката системот дава грешка. Бидејќи не си ја знаат старата лозинка, а нова не можат да добијат, не можат да влезат и да проверат состојба.

„До истекот на крајниот законски рок, граѓанинот може да го менува статусот на пријавата, односно да ја потврдува или коригира се до истекот на крајниот рок 31.5.2019 година. По истекот на законскиот рок на 1.6.2019 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана“, соопшти УЈП.

Оние даночни пријави што граѓаните нема да ги потврдат или да ги исправат, УЈП службено ќе ги потврди на први јуни. Пријавите во кои граѓаните интервенирале, потоа треба да бидат одобрени од УЈП. Ако УЈП не се согласува со внесените податоци од граѓанинот, тогаш ќе донесе решение за утврдување на персоналниот данок на доход за 2018 година.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Велибор Џаровски – Џаро

Почина Велибор Џаровски – Џаро

Еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија почина на 75 години, по кусо …