Синоќа на Бит Фест, концерт на рускиот ансамбл „Чајка“

Синоќа на Бит Фест, концерт на рускиот ансамбл „Чајка“

Во рамките на годинешниот „Бит Фест“, синоќа во Центарот за култура во Битола се одржа концерт на вокалниот руски ансамбл „Чајка“, кој претставуваше вистински спектакл од звуци, традиција и сценска изведба со повеќе традиционални носии и костими. Ансамблот пред публиката го прикажа прекрасниот руски мелос и големиот фонд на костими, а за време на изведувањето на композициите, беа користени елементи од руски танцoви движења.

Рускиот вокален ансамбл „Чајка“ постои од 1999 година, изведувајќи ја руската песна, традиција и танц и тој досега во два наврати ја претставуваше Македонија на Фестивалот на руската песна во Москва. Добитник е на првото место на Балканскиот меѓународен фестивал на руската песна во 2014 година.

Вечерва, во рамки на програмата на Бит Фест ќе се одржи промоција на книгата на Марјан Танушевски „Лобирање во културата – Конзулската дипломатија во Битола“, како и концерт на Исмаил Лумановски и „Њујорк џипси ол стар“.

Прочитајте повеќе

Велибор Џаровски – Џаро

Почина Велибор Џаровски – Џаро

Еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија почина на 75 години, по кусо …