Смртноста од ковид-19 во светот е намалена за 20 отсто и има тенденција на намалување, велат од СЗО

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), во периодот од 15 до 21 февруари смртноста во светот од ковид-19 е намалена за 20 отсто во однос на неделата претходно.

Смртноста од ковид-19 има тенеденција на намалување веќе шест недели.

Падот на зачестеноста од заразување со коронавирусот е посебно видлив во земјите од Северна и Јужна Америка (19 проценти), западниот Пацифик (девет отсто) и во Европа (седум проценти), а намалување на смртноста е регистрирано во Африка (20 отсто) и во југоисточна Азија (шест проценти).

Според последните податоци на СЗО, до сега има 111.419.939 заболени од ковид-19, а починати се 2.470.772 лица.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Во рамки на одбележувањето на овој ден, во Институтот за македонски јазик ќе бидат презентирани …