Со амин на Адеми, сите одлични основци ќе бидат примени во „Орце Николов“ без тестирање

Со амин на Адеми, сите одлични основци ќе бидат примени во „Орце Николов“ без тестирање

Сите ученици со сите петки, кои се пријавиле за упис во скопската гимназија „Орце Николов“, нема да полагаат квалификациони тестови и ќе бидат примени во постоечките паралелки. Ова е последната одлука на надлежните во Министерството за образование и наука (МОН), по денешната средба со родителите на ученици кои поднеле документи за упис во ова училиште.

Во МОН соопштија дека најверојатно тестирање нема да има ниту во скопското средно медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ ниту во „Димитар Влахов“ во Струмица, каде што имаше голем број пријавени.

– Врз основа на барањата на родителите за продолжување на образованието на нивните деца, како уставно загарантирано право во средното образование, како и барањето доставено од страна на „Орце Николов“, Министерството за образование и наука реализираше средба со претставници на родителите и директорот на СУГС „Орце Николов“. На средбата родителите ги искажаа своите ставови и размислувања по однос на изборот на училиштето во кое нивните деца имаат желба да го продолжат своето образование, а притоа имајќи го предвид континуираниот одличен успех и поведение со кои се стекнале нивните деца во текот на основното образование. По направените консултации, министерот ги извести родителите дека тој како одговорно лице за образованието во државата нема да дозволи „ниедно дете да остане на улица“ и затоа дозволи сите пријавени ученици со 75 бода да бидат запишани во „Орце Николов“. Сето ова е во насока на учениците да им се овозможи согласно нивниот одличен успех постигнат во основното образование да го продолжат средното образование во училиштето кое што го избрале – велат во МОН.

Инаку во ова училиште, за 285 слободни места според конкурсот, се пријавиле над 400 кандидати, од кои над 330 се со сите петки. Првично беше одлучено МОН да изработи тестови по македонски јазик и математика за да се изврши селекција, но тоа повеќе не важи.

Конкурсот за запишување ученици е завршен во скопските гимназии „Раде Јовчевски – Корчагин“, во „Никола Карев“, како и во гимназијата „Георги Димитров“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …