Собранието ќе одлучува за кризната состојба во енергетската област

Собранието ќе одлучува за кризната состојба во енергетската област

Собранието денеска треба да одлучува за продолжување на кризната состојба во енергетиката за уште шест месеци, од утре до крајот на април следната година, со оглед дека денеска истекува важноста на владината одлука за таа намена, што стапи во сила од почетокот на месецов. По петдневна комисиска расправа, на денешната 86. пленарна седница треба да се расправа за предлог-одлуките за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на државата, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, како и за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

Комисиската расправа за предлог одлуките заврши завчера, а ја одбележаа меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата за состојбите во енергетиката. Премиерот Димитар Ковачевски вчера повтори дека на 15 октомври ќе почне грејната сезона во Скопје и оти парно ќе има, како и дека се во тек преговори со Србија и Турција за обезбедување енергенси.

Прочитајте повеќе

Скандал: Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ избрана за член на Судски совет

Скандал: Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ избрана за член на Судски совет

Одговор на новинарско прашање на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Наместо реформи гледаме бртална партизација …