Спасовски: Одржувањето на Самитот за Западен Балкан во овие услови во Загреб, е силна порака за поддршка на регионот

Спасовски: Одржувањето на Самитот за Западен Балкан во овие услови во Загреб, е силна порака за поддршка на регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски денеска имаше телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, кој овие денови разговара со сите учесници на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Загреб, кој требаше да се одржи на 7 мај.

Премиерите Спасовски и Пленковиќ разговараа за ситуацијата во двете држави во врска со справувањето со пандемијата на вирусот КОВИД-19. Беа разменети информации и искуства за справувањето со здравствената криза и со економските последици од неа. Двајцата премиери искажаа подготвеност за меѓусебна поддршка за спроведување на досегашните мерки и потенцираа дека само со заеднички напори, меѓусебна помош и европска солидарност на дело може да надминат актуелните предизвици.

Премиерот Спасовски во телефонскиот разговор истакна дека апсолутно е за поддршка на пораката дека Самитот во Загреб ќе се одржи до крајот на хрватското претседателство како силна порака дека Западен Балкан останува приоритет за ЕУ, и покрај тешките денови за регионот, за Европа и за светот заради справувањето со коронавирусот, и дека со оптимизам се очекуваат најавите за план за економски развој и заедничко надминување на последиците од пандемијата.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски во разговорот со хрватскиот премиер се заблагодари за долгогодишната поддршка која нашата земја ја добива од Хрватска и нагласи дека нашата земја останува посветена на регионалната соработка и ќе биде силен партнер на Хрватска, како претседавач на Советот на ЕУ, во справувањето со пандемијата и во сите други заеднички предизвици, како и во плановите за развој и соработка.

Прочитајте повеќе

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Имам добиено извештаи од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за …