Стипендии за студенти од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки уште во тековната академска година

Стипендии за студенти од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки уште во тековната академска година

Владата на синоќешната 97 седница донесе Одлука за изменување и дополнување на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2022 година, на предлог на Министерството за образование и наука, а во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Со предложените измени, се воведуваат нови мотивирачки стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, на студиски програми од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки.

Воведувањето на новите стипендии ќе се реализира во рамките на предвидените буџетски средства на Министерството за образование и наука, коешто деновиве ќе го распише и конкурсот за посочените стипендии, за академската 2022/23 година.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …