КОВИД-19

СЗО: Трета недела по ред опаѓа бројот на заразени и на смртни случаи од ковид-19

Бројот на нови случаи на инфекција со коронавирус во светот е намален за 21 насто во последната недела, и тоа е трета недела по ред, соопшти Светската здравствена организација. Во својот неделен извештај, СЗО наведе дека во минатата недела имало повеќе од 12 милиони новозаразени со коронавирусот. Во минатата недела ширум светот починаа осум насто помалку луѓе, или околу 67.000, а неделниот број на смртни случаи опадна за прв пат од почетокот на јануари. Западниот Пацифик е единствената област каде што е зголемен бројот на новозаразени со ковид-19, со скок од 29 насто во претходната недела, додека бројот на заразени на други места значително се намали. Најголем број новозаразени е забележан во Русија, Германија, Бразил, САД и Јужна Кореја.

СЗО наведува дека омикронот е убедливо најдоминантниот вид во светот и претставува повеќе од 99 насто од анализираните случаи. Сојот Делта е единствениот друг вид што се појавува и претставува еден процент од случаите. Светската здравствена агенција, исто така, објави дека податоците од вакцинацијата покажуваат дека засилувачките дози значително ја подобруваат ефикасноста на вакцините за сојот омикрон, но дека треба да се соберат повеќе податоци за да се утврди колку долго трае оваа заштита.

Здравствените власти истакнаа дека омикронот предизвикува поблаги форми на болеста од претходните соеви на ковид-19, а во земјите со висока стапка на вакцинација, омикронот силно се шири, но стапките на хоспитализација и смртност не се значително зголемени. Научниците предупредуваат дека сè уште е можно да се појават соеви кои полесно се пренесуваат и се смртоносни доколку се дозволи вирусот да се шири неконтролирано.

Прочитајте повеќе

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Имам добиено извештаи од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за …