Тимоние: Важно е да продолжите на патот на реформите

Тимоние: Важно е да продолжите на патот на реформите

Францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние, чиј мандат ќе заврши наскоро, на вчерашната проштална средба со новинарите за Порталб.мк изјави дека за Северна Македонија е многу важно да продолжи по патот на реформите зачувувајќи го својот идентитет, за да што побргу стане членка на Европската унија.

Тој вели дека во овие четири години бил сведок на големи промени, меѓу другото на името на државата, членството во НАТО и можноста да се започнат преговорите со ЕУ.

„Сите овие промени беа направени во последно време, и затоа се надевам дека народот на Северна Македонија ќе го најде вистинскиот пат кон европското семејство со зачувување на своите вредности“, посочува Тимоние додавајќи дека тоа ќе донесе „нови бои во европската конструкција“ и се надева дека Франција ќе придонесе за успехот на земјата.

„Ја воведовме новата методологија за проширување, па затоа и народот и владата мора да останат мобилизирани за да ја постигнат целта за членство што е можно побрзо. Ви посакувам се најдобро и многу среќа!“, вели тој.

Амбасадорот во заминување вели дека е тешко да се дадат совети за младите бидејќи тие знаат подобро што треба да прават.

„Сепак, никогаш немој да ја изгубите вербата во вашата држава, никогаш не губете верба во вашиот идентитет“, посочува амбасадорот додавајќи дека „светот е голем, но вашата земја секогаш ќе биде ваша татковина, затоа обидете се секогаш да го дадете свој придонес за оваа земја, каде и да сте“.

Тимоние се очекува да биде дипломат во некоја од земјите во регионот, додека неговото место во Скопје ќе го заземе дипломатот Сирил Бонгартнер, кој служел во Бугарија и Хрватска.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …