Царовска: Нема зголемување на старосната граница за пензионирање

Царовска: Нема зголемување на старосната граница за пензионирање

Нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање, а пензиите се стабилни и безбедни, рече денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која на прес-конференција во Владата информираше за сработеното во изминатите 11 месеци.

– Работиме на стабилизација на системот за пензии, затоа што знаеме дека за 10 години ВМРО-ДПМНЕ за трипати го зголеми долгот на пензискиот фонд. Редовно ги усогласуваме пензиите, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, кое две години не предвиде средства. Но, размислуваме и за идните пензионери и наскоро ќе излеземе со планот за стабилизација на ПИОМ. И, повторувам, дека покачувањето на старосната граница нема да има, иако тоа излезе од многу места како информација – рече Царовска.

Во однос на стечајците, таа рече дека 453 стечајни работници добиле позитивни решенија според Законот за стечајци, а со донесувањето на новиот закон за минималната плата, повеќе од 90.000 граѓани добиле повисока плата, со што се изедначени примањата за сите работници во државата во текстилната и кожарската индустрија.

Ообезбедени се средства за 138 нови вработувања во центрите за социјална работа и се вработени 486 лица на неопределено време во градинките, отворени се три нови регионални преноќувалишта за бездомни лица и е завршена реконструкцијата на 30-те центри за социјална работа кои опслужуват повеќе од 200.000 граѓани.

Покрај капиталните и проектите за детска заштита, се подготвуваат нови закони за социјална заштита и за работни односи, се работи и на нов европски закон за недискриминација.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Велибор Џаровски – Џаро

Почина Велибор Џаровски – Џаро

Еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија почина на 75 години, по кусо …