Успешно извршена реплантација на подлактица на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија

Успешно извршена реплантација на подлактица на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија успешно е направена реплантација на десна подлактица.

„Реплантацијата на горен екстремитет е една од најкомплексните хируршки интервенции која вклучува остеосинтеза на коските, реваскуларизација-анастомиоза на артерии и на вени, реконструкција на нервите и на мускуло-тетивниот апарат и реконструкција на мекоткивната покривка. Пациентот беше самоповреден со моторна пила, примен на Клиниката за пластична хириргија во хеморагичен шок неколку часа по повредата. Веднаш по приемот се организираше тимот и се направи хируршката интервенција бидејќи кај овој тип на операции има мал временски прозорец за интервенција, до 6 часа од повреда,“ информираат од Министерство за здравство

Оваа комплексна интервенција била изведена од тим на хирурзи и анестезиолози: од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија: доц.д-р Софија Пејкова, д-р Бисера Николовска, д-р Гордана Георгиева, од Универзитетската клиника за кардиохиругија: д-р Мишел Андов, од Универзитетската клиника за трауматологија д-р Игор Мерџановски, од Универзитетската клиника за анестезија реанимација и интензивно лекување д-р Јасна Бушиноска.

„Исто така, тимот беше во постојана комуникација со проф. д-р Оскар Азман, пластичен хирург од Медицинскиот универзитет во Виена и визитинг професор на Медицински факултет од Скопје. Пациентот го примивме со ампутирана десна рака, а денес го испраќаме среќен и задоволен дома со две раце. Чувството кога пациентот ќе ти ја подаде раката да се збогувате е бесценето. Тимската работа и  посветеноста на персоналот  секогаш дава успешни резултати. Оваа соработка ќе ја продолжиме и понатаму,“ се додава во соопштението.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Велибор Џаровски – Џаро

Почина Велибор Џаровски – Џаро

Еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија почина на 75 години, по кусо …