Со рекорден број на земји учеснички, вкупно 49, денеска во Крушево започнува 16.Светско првенство во параглајдерство.
Свеченото отворање ќе започне во 18 часот во хотелот „Монтана Палас“, од каде учесниците ќе тргнат кон центарот на градот. На градскиот парк ќе се обратат градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и претставник на организаторот, после што ќе следи настап на групата „Фолтин“.