Влада на РМ: Честитки за граѓаните на двете земји за мирот, прогресот и развојот кои ги носи Договорот од Преспа

Влада на РМ: Честитки за граѓаните на двете земји за мирот, прогресот и развојот кои ги носи Договорот од Преспа

Соопштение од Владата на Република Македонија:

Владата на Република Македонија силно ја поздравува одлуката на Парламентот на Република Грција да го ратификува историскиот Договор од Преспа со којшто се става крај на тридецениски спор кој го попречуваше развојот во регионот.

Владата им честита на сите граѓани на двете земји за мирот, прогресот и развојот кои ги носи овој Договор и ги охрабрува да ги интензивираат соработките, поврзувањата и пријателствата.

Преку изнаоѓањето на македонско – грчкото решение, Балканот, Европа и Светот добија нов модел за градење пријателства и соработки меѓу народите и државите.

Владата им благодари на сите граѓански, политички и други чинители кои го поддржаа Договорот и кои им дадоа ветер во грб на историските решенија вградени во него.

Прочитајте повеќе

Груби: Не се чувствувам виновен за случајот Државна лотарија

Груби: Не се чувствувам виновен за случајот Државна лотарија

Поранешниот вицепремиер Артан Груби пред Основниот кривичен суд Скопје изјави дека не се чувствува виновен за делото …