Владата формираше Советодавна комисија за интервенции во снабдувањето на пазарот со сурова нафта и нафтени деривати

Владата формираше Советодавна комисија за интервенции во снабдувањето на пазарот со сурова нафта и нафтени деривати

На синоќешната 23-та редовна седница, Владата донесе Одлука за формирање на Советодавна комисија за спроведување на План за интервенции во случај на вонредно пореметување на снабдувањето на пазарот со сурова нафта и/или нафтени деривати.

Советодавната комисија има за задача:

  • да иницира предлог за донесување на одлука за настанато вонредно пореметување во снабдувањето на пазарот со сурова нафта и нафтени деривати и прогласување на нафтена кризна состојба;
  • да предлага мерки и одлуки за нормализација на снабдувањето на пазарот со сурова нафта и нафтени деривати;
  • да предлага дополнителни мерки за нормализација на снабдувањето на пазарот, како и други работи согласно закон и Деловникот за работа кој треба да го усвои на првиот конститутивен состанок.

На седницата Владата донесе одлука за исплата на штетите од елементарни непогоди што ги претрпеа земјоделците во 2016, 2017 и 2018 година. Висината на обештетувањето ќе биде 10 отсто од вкупно проценетата вредност. Со одлуката се опфатени 35 елаборати поднесени од 29 општини, ќе бидат обештетени над 9.100 граѓани и правни субјекти.

Владата дополнително донесе одлука и за исплата на обештетување за штети од елементарни непогоди врз земјоделските посеви во 2021 година во општините Росоман, Демир Капија, Ранковце, Карбинци и Богданци. Вкупниот процент за обештетување за сите 5 општини е 10% од проценетата штета. Со одлуката ќе бидат исплатени 1.072 физички лица и правни субјекти.

За оваа намена, вкупно за сите општини каде што имало временски и елементарни непогоди од Буџетот ќе се исплатат околу 4,5 милиони евра.

Истовремено, Владата ја донесе и Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година вредна 1,3 милијарди денари.

Оваа програма има за цел да бидат остварени политиките на рурален развој, кои се насочени кон:

  • поддршка на инвестиции во земјоделскиот сектор, во водостопанството и јавната инфраструктура и подобрување на животот во руралните средини;
  • обезбедување на стабилно производство на квалитетна храна;
  • зголемување на конкурентната способност на земјоделството;
  • обезбедување на стабилно ниво на доход на земјоделското стопанство;
  • промовирање на нови начини на организирање на локално ниво преку основање на јавни приватни партнерства (ЛАГ);
  • поддршка на економско здружување на земјоделски производители во форма на земјоделски задруги;
  • зачувување на генетската разновидност на автохтони земјоделски растенија и автохтони раси на добиток;
  • помош за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за земјоделска дејност и за одржлив развој на руралните подрачја.

Прочитајте повеќе

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Имам добиено извештаи од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за …