Владата го одобри текстот на финансиската гаранција за набавка на вакцини преку КОВАКС

Владата на Република Северна Македонија на синоќешната 36-та седница донесе одлука за укинување на забраната за авионските летови од Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија, која важеше до крајот на 2020 година, како и задолжителната мерка за самоизолација на патниците што доаѓаа од овие дестинации во рок 14 дена.

На оваа седница Владата донесе Одлука за деветнаесетта емисија на обврзници за денационализација во висина од 11.500.000 евра, за реализација на вкупно 800 решенија за денационализација кои се правосилни во периодот од 01.01.2019 година до 31.12.2019 година, а на кои им обезбедено правото за надомест во вид на обврзници.

Обврзниците за денационализација се издаваат со рок на достасување од 10 години и со каматна стапка од 2% годишно. Исплатата на обврзниците се врши еднаш годишно на 1 јуни секоја година, а исплатата на обврзниците за денационализација од деветнаесеттата емисија ќе започне од 2021 година.

На седницата Владата ја разгледа и усвои текстот на гаранцијата усогласен помеѓу Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE) како корисник на гаранцијата и Комерцијална банка за финансиската гаранција на износ од 7.457.140 американски долари за набавка на вакцини преку КОВАКС системот и го овласти министерот за здравство, д-р Венко Филипче, во име на Владата да го потпише текстот на гаранцијата.

Со заклучок по информацијата, Владата го разгледа и го прифати текстот на Договорот за издавање на девизна платива гаранција со својство на извршна исправа, што треба да биде склучен помеѓу Владата и Комерцијална банка заради обезбедување на финансиската гаранција и го овласти министерот за здравство, д-р Венко Филипче од име на Владата да го потпише овој Договор.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …