влада

Владата на Република Северна Македонија ќе ја одржи редовната 48-ма седница

Владата на Република Северна Македонија, денеска, 25.5.2022 година (среда) ќе ја одржи редовната 48-ма седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Согласно дневниот ред, на седницата ќе се разгледува предлог-одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија во 2023 година.

На денешната 48-ма седница, ќе биде разгледан Предлог- законот за ратификација на Договорот за партнерство помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово за управување со грант Договорот за техничка помош, под програмата ИПА Северна Македонија – Косово.

На оваа седница пред министрите ќе се најде и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција, како и предлог-програмата за изменување на Програмата за изградба и реконструкција на основни училишта за 2022 година, што доаѓаат од Министерство за образование и наука.

Владата денеска ќе се произнесе и по информацијата во врска со Предлог-Националната стратегија за еднаквост и недискриминација 2022-2026 година, со Национална стратегија за еднаквост и недискриминација 2022-2026 година.

За заклучоците и одлуките од денешната владина седница, која ќе започне во 11:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.

Прочитајте повеќе

Стабилизирање на времето со температури до 39 степени

Денеска ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб …