Владата најостро ги демантира манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со големата инвестиција на компанијата ДУРА

Владата најостро ги демантира манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со големата инвестиција на компанијата ДУРА

Реакција на Владата во врска со изнесените невистини на ВМРО-ДПМНЕ во однос на инвестицијата на компанијата ДУРА:
ДУРА е веќе оперативна во нашата земја, ВМРО-ДПМНЕ да не ја лаже јавноста и да ги поддржи инвестициите кои вработуваат дури до 1000 наши граѓани.
Владата на Република Северна Македонија најостро ги демантира манипулациите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ поврзани со големата инвестиција на компанијата ДУРА.
Не се точни и целосно се манипулативни изнесените информации од страна на ВМРО-ДПМНЕ во кои се вели дека ДУРА била банкротирана компанија. ДУРА е компанија гигант која своите операции во Северна Македонија ги извршува преку британска холдинг подружница и во земјава веќе има оперативна фабрика во која ќе бидат ангажирани 1000 вработени.
За повеќе информации и факти јавноста ќе биде информирана и директно од компанијата ДУРА.
Владата апелира до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи економските политики кои вработуваат македонски граѓани и да не штети на имиџот на инвеститорите преку ширење дезинформации.

Прочитајте повеќе

Денеска претпладне сончево, од ноќеска почнува период на нестабилно време со пороен дожд

Денеска претпладне сончево, од ноќеска почнува период на нестабилно време со пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во …