Владина делегација предводена од министерката за култура Костадиновска-Стојчевска, оддаде почит за Денот на народното востание - 11 Октомври во Прилеп

Владина делегација предводена од министерката за култура Костадиновска-Стојчевска, оддаде почит за Денот на народното востание – 11 Октомври во Прилеп

Владина делегација во состав Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерка за култура; Владимир Рендевски, заменик-министер за здравство и Џемил Ќамили, в.д. директор на Агенцијата за поттикнување за развој на земјоделството го одбележа државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание, во Прилеп, градот херој од каде што започнува македонското востание против фашизмот и Народноослободителната борба.

Владината делегација положи цвеќе на споменикот на Методија Андонов –Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифовски-Питу, а се поклони и пред бистите во Алејата на народните херои и положи цвеќе пред споменикот „Жена борец“, и пред Могилата на непобедените.

Годинава, државниот празник 11 Октомври, кога го одбележуваме денот кога македонскиот народ се крена на востание во Втората светска војна, се одвива под мотото „Секогаш на вистинската страна“.

Прочитајте повеќе

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Два милиони евра се одлеале од општините и министерствата во Северна Македонија за една година само за адвокатски …