Владина делегација на чествување на Илинден 2021 во Скопје, на празникот на остварувањето на сопствена држава и на континуитетот на државотворната историја

Владина делегација на чествување на Илинден 2021 во Скопје, на празникот на остварувањето на сопствена држава и на континуитетот на државотворната историја

Со исполнување на содржините предвидени со државната програма започна чествувањето на 2 Август – Денот на Република, со која граѓаните, претставниците на државните и општествените институции на Република Северна Македонија го празнуваат денот на кој се слават Илинден во 1903 година – со Илинденското востание и Крушевската република, и вториот Илинден, во 1944 година со АСНОМ – Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија, кога беа поставени столбовите на републиката и на државноста на нашата земја.

Програмата во Скопје, во организација на Собранието на Република Северна Македонија, започна со положување цвеќе на спомениците на Методија Андонов Ченто, на президиумот на АСНОМ и на Никола Карев, а потоа продолжи со обраќање на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери и со празнична културно-уметничка програма.

Владината делегација во Скопје ја предводеше министерот за здравство д-р Венко Филипче, заедно со министерката за образование и наука Мила Царовска и заменик-министерот за правда Агим Нухиу.

Делегации на Владата на Република Северна Македонија денеска учествуваат на сите настани опфатени со државната програма за одбележување на државниот празник 2 Август – Ден на републиката во кој се обединети Илинден 1903 и Илинден 1944 како дел од низата големи историски случувања коишто го одразуваат континуитетот на државотворната историја и стремежот на граѓаните, на народите на нашата земја да создадат сопствена држава, еднаква во друштвото на народите.

Прочитајте повеќе

Денеска претпладне сончево, од ноќеска почнува период на нестабилно време со пороен дожд

Денеска претпладне сончево, од ноќеска почнува период на нестабилно време со пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во …