Владина делегација предводена од Премиерот Заев оддаде почит и положи цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев

Владина делегација предводена од Премиерот Заев оддаде почит и положи цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев

Централната прослава на големиот државен празник 2 Август Илинден – Денот на Републиката кој оваа година се одбележува под слоганот „Сите сме деца на Илинден“ во Крушево започна со оддавање почит и положување на свежо цвеќе и венци на вечното почивалиште на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република во Македониум. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев предводеше висока владина делегација во состав Заменик на претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министер за здравство, Венко Филипче, министер за транспорт и врски, Горан Сугарески, министер за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерка задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и заменик министерот за култура, Владимир Лазовски којашто положи цвеќе и оддаде почит.

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …