„Водовод и канализација“- Прилеп: Отпадниот материјал кој граѓаните го фрлаат во канализационата мрежа е една од причините за поплавување на улиците

„Водовод и канализација“- Прилеп: Отпадниот материјал кој граѓаните го фрлаат во канализационата мрежа е една од причините за поплавување на улиците

Реакција на ЈКП „Водовод и канализација”- Прилеп на написите во одредени медиуми за поплавите предизвикани од последните дождови:

„Сакаме да упатиме апел до граѓаните на општина Прилеп, да бидат совесни и да не фрлаат отпаден материјал, градежен шут и слични отпадни материјали во канализационата мрежа, за да не дојде до затнување или блокада на канализационите цевки, ревизионите шахти, отворените канали и сливниците. Таквиот отпад граѓаните да го депонираат на соодветно место, како би придонеле за нормално функционирање на целокупниот канализационен систем и не би дошло до несакани последици. Отпадниот материјал на фотографиите, е изваден од само една ревизиона шахта во центарот на градот, на ул „Мице Козар”. 

Сакаме да ве информираме дека вработените во ЈКП „Водовод и канализација”- Прилеп одговорно и навремено си ги завршуваат работните обврски и задачи во однос на одржувањето на целокупниот канализационен систем во општина Прилеп“, се вели во реакцијата на јавното комунално претпријатие.

Прочитајте повеќе

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Имам добиено извештаи од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за …