Заев: Да се спротивставиме на насилството и да ја раскажуваме нашата убава македонска приказна

Заев: Да се спротивставиме на насилството и да ја раскажуваме нашата убава македонска приказна

Обраќање на премиерот Зоран Заев по повод Меѓународниот ден на ненасилство: 

Денес е Меѓународниот ден на ненасилство, ден кој треба да не потсети дека имаме обврска и должност да градиме култура на мир, трпеливост и меѓусебно разбирање.
Реакциите на јавноста по повод бруталноста на одделни припадници на полицијата, како и на некои граѓани против припадниците на безбедносните служби, се израз на зрелоста на нашето општество – очекувам дека ваквите појави ќе станат реткост до целосно исчезнување и дека секогаш ќе бидат осудувани и санкционирани.
Ние сме земја која обединува различни етнички, верски групи и други групи. Со векови сме го граделе она што денес го имаме и треба секој ден да се потсетуваме колку е тоа бесценето, но и кршливо и дека секое насилство и говор на омраза се закана за овие наши вредности.
Нашата приказна е мозаик со силни контрасти и потребно е постојано да останеме фокусирани на шаренилото и убавината на целиот мозаик, во кое секое камче е вредно зашто е дел од таа убавина.
Денес е Меѓународниот ден на ненасилство, ден кој треба да не потсети дека имаме обврска и должност да градиме култура на мир, трпеливост и меѓусебно разбирање.
Ве повикувам сите, да се спротивставиме на насилството и да ја раскажуваме нашата убава македонска приказна по која стануваме познати во целиот свет, дека со зборови и дијалог секогаш се доаѓа до решение.

Прочитајте повеќе

непотребно извршени операции на срце

Кај 10 пациенти биле непотребно извршени операции на срце, утврди интерната комисија за кардиолошки интервенции

Во втората фаза од анализата, нашите членови на комисијата ќе работат со меѓународни експерти, на …