Заев: Нема политички договор со Груевски, тој ќе се врати и ќе ја служи казната

Заев: Нема политички договор со Груевски, тој ќе се врати и ќе ја служи казната

Остро и категорично ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со Никола Груевски, порача премиерот Зоран Заев денеска, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата со премиерот на Малта, Џозеф Мускат.

Тој порача оти е убеден дека Груевски ќе се врати и ќе ја отслужи затворската казна.

– Имаше многу скептици што велеа дека нема да видат политичари исправени пред суд, но тоа се случи. Имаше многу скептици дека нема да има судски пресуди – тоа се случи. Досега се потврди владеење на правото до максимум и независност на правосудните институции до максимум, низ еден комплетно транспарентен процес. И јас сум убеден, дека времето ќе покаже, Груевски ќе се врати назад и ќе ја служи својата казна, и секако ќе биде исправен пред суд, да се брани, а системот да докаже дека е виновен и за други дела – рече премиерот.

Прашан дали полицијата постапувала неправилно, Заев рече дека се постапувало строго по законите.

– Министерството за внатрешни работи постапи исклучиво согласно законот. Како и за секој човек, без наредба на судот, министерството не може да пристапи во делот на следење, негово набљудување или слично. Без наредба, Министерството за внатрешни работи не може ни вас, ниту на мене, ниту на било кој граѓанин да му пристапи. И од таков аспект, морам да кажам дека строго е постапено по закон, на еден внимателен и демократски начин. Секако, проверката на возилата кои што излегуваат од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, од страна на полицијата, е согласно наредбата која што е добиена од полицијата, за внатрешна потерница, да се бара лице, во конкретниот случај, Никола Груевски, за да биде испорачан на отслужување на казната затвор. Немаше налог за влез во политичка партија, ниту пак некој имаше намера, да направи таков влез во политичка партија, исклучително се постапувало согласно наредбите – рече Заев.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Европска (не)перспективност пред посетата на Урсула фон дер Лајен

Европска (не)перспективност пред посетата на Урсула фон дер Лајен

Најавата за посета на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен на Северна Македонија …