Ѕанакопулос: Оптимист сум дека може да стигнеме до договор

Ѕанакопулос: Оптимист сум дека може да стигнеме до договор

Министрите за надворешни работи направија особено голем напредок, би можеле да кажеме дека се наоѓаме во финална линија, но никој не може да го предвиди исходот во толку сложени преговори, вели портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во интервју за државната телевизија ЕРТ, а пренесува МИА.

Тој, изјавил дека „и покрај тоа, и понатаму е голем оптимист и ги очекува следните потези и следната фаза од преговорите“.

– Се надеваме и оптимисти сме дека ќе успееме да го постигнеме договорот на кој работиме веќе толку долго време. Сепак, сакам да сме трпеливи, треба да бидеме трпеливи. И токму тоа го правиме. Не е важно да имаме договор, важно да имаме добар договор – рече Ѕанакопулос.

Во однос на шпекулациите во медиумите дека на преговарачката маса се наоѓа и ново име Ѕанакопулос индиректно ги демантираше овие информации, велејќи дека разговорите се водат врз база на предлозите на Нимиц и „таа е рамката што постои за време на преговорите“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …