Крушево

100 дена од вториот мандат на градоначалникот на Крушево, Томе Христоски

Во првите 100 дена од манадатот на градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, продолжи реализацијата на тековните проекти, отпочнаа неколку нови и се донесоа одлуки и потпишаа договори за нови зафати од повеќе области.

„Во првите 100 дена успеавме да продолжиме со засилено темпо и да овозможиме долгорочно решавање на проблеми и реализација на проекти. Тековните проекти течат непречено, а во почетна фаза се неколку проекти, првенствено од областа на образованието и патната инфраструктура. Паралелно продолжуваме и со работа на унапредување на транспарентноста и отвореноста на Општина Крушево“, вели градоначалникот Христоски.

Во првите 100 дена од новиот мандат, крушевскиот градоначалник го потпиша договорот за имплементација на проект од областа на туризмот во рамки на Програмата за прекугранична соработка со Албанија. Проектот вклучува изградба на паркинг на полетувалиштето на Мечкин Камен, поставување две мерни станици, ЛЕД остветлување на градот, изградба на ‘даунхил’ патека и унапредување на туристичката промоција на Крушево. Проектот вреди околу 740.000 евра, а дел од него се 4 партнери од нашата земја и од Албанија.

На крајот од минатата година се комплетираше проектот за реновирање и надградба на подрачното училиште ООУ „Никола Карев“ во с. Борино.

Исто така, започна и реконструкцијата на покривот и фискултурната сала во ООУ „Никола Карев“, во почетна фаза се проектите за реновирање и надградба на училиштата во Пресил и Бучин, а се изработуваат проекти за реконструкција на подрачните училишта во Алданци и Свето Митрани.

Продолжија и тековните проекти:

  1. Изградба на резервоар за вода во с. Пресил;
  2. Реконструкција на дел од улица „Питу Гули“ со изградба на паркинг;
  3. Водоснабдување на Јакреново, односно втора фаза преку изградба на резервоар за вода;
  4. Набавка на нова опрема за ТППЕ Крушево, каде претходно се реконструираа просториите во кои е сместена единицата.

Во првите 100 дена од страна на централната власт се донесоа неколку важни одлуки, чија реализација ќе придонесе за подобри услуги за граѓаните и повеќе можности за практикување здрав живот:

  • Одлука за набавка на камион за отпад;
  • Одлука за набавка на теренско возило за ЈП „Комуна“;
  • Одлука за изградба на фитнес зона во Крушево.

На почетокот од мандатот отпочна и постапка за реконструкција на патот од с. Врбоец, преку Св. Митрани до општина Кривогаштани.

Општина Крушево заедно со Домот на култура „Наум Наумовски Борче“, а на иницијатива на семејството на Васил Иљоски, започнаа со опремување и оспособување на спомен соба за познатиот драматург, писател и есеист со потекло од Крушево.

„Во првите 100 дена од новиот мандат сметам дека создадовме добра основа за наредните 4 години. Дополнително, продолжуваме со изработка на проекти и изнаоѓање на нови можности за финансирање, со цел да продолжиме со уште поголем нтензитет. Граѓаните имаат очекувања од нас, заради што нам ни останува да работиме и да покажеме дека ја заслужуваме довербата што ни ја даваат“, заклучи градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …